• среда, 27 ноември 2024

Гутереш: Поделениот свет не успеа да одговори на пандемијата

Гутереш: Поделениот свет не успеа да одговори на пандемијата
Лисабон, 17 октомври 2020 (МИА) – Поделениот свет не успеа да одговори на предизвикот за борба против пандемијата на Ковид-19, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и укажа дека е потребна конкретна акција за да се спречат милиони лица да се соочат со сиромаштија и глад. Гутереш рече дека можеше да се постигне многу повеќе ако земјите беа обединети во борбата против пандемијата. - Пандемијата на Ковид-19 е најголемиот глобален предизвик за целата меѓународна заедница, за мултилатерализмот и за мене, како генерален секретар на ОН, изјави Гутереш за португалската новинска агенција Луса. Пандемијата е тест кој меѓународната заедница, засега, не успева да го помине, додаде тој. Генералниот секретар на ОН предупреди дека, доколку не се преземат координирани мерки, коронавирусот може да турне милиони луѓе во сиромаштија и глад, со катастрофални економски последици во следните години. Гутереш исто така ја критикуваше меѓународната заедница за недостигот на единство во обидот да се справи со другите глобални предизвици, како што се конфликтите во Авганистан, Јемен и Сирија. Коронавирусот досега е потврден во над 210 земји и територии во светот. Од почетокот на пандемијата заразени се над 39,6 милиони луѓе, а повеќе од 1,1 милион починале. јт/

Тагови

Остани поврзан