• сабота, 23 ноември 2024

Гутереш повикува на прекин на циклусот на насилство по ескалацијата во Бејрут

Гутереш повикува на прекин на циклусот на насилство по ескалацијата во Бејрут

Њујорк, 28 септември 2024 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ја изрази својата загриженост поради „драматичната ескалација“ во Бејрут и порача дека циклусот на насилство во регионот мора веднаш да се прекине.

„Генералниот секретар е сериозно загрижен поради драматичната ескалација на ситуацијата во Бејрут во изминатите 24 часа. Овој циклус на насилство мора да заврши сега и сите страни да се повлечат од работ“, наведе портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик, објавено е на веб-страницата на ОН.

Според генералниот секретар, народот на Либан, Израел и на целиот Блиски Исток како целина не можат да си дозволат војна во полн размер, се додава во соопштението. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан