• недела, 24 ноември 2024

Гутереш: Опстанокот на човештвото зависи од управувањето со водните ресурси

Гутереш: Опстанокот на човештвото зависи од управувањето со водните ресурси

Њујорк, 25 март 2023 (МИА) - Опстанокот на човештвото зависи од тоа како луѓето управуваат со водата, изјави синоќа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на крајот од тридневната конференција за светските водни ресурси.

- Сите надежи на човештвото за иднината некако зависат од трасирање на нов пат кон одржливо управување и зачувување на водите, рече Гутереш во својот завршен збор.

Ова, вели тој, вклучува рационално користење на водата за земјоделски потреби и поагресивно дејствување против климатските промени. Водата „мора да биде во центарот на светската политичка агенда, додаде тој.

Во извештајот објавен пред конференцијата се вели дека 26 отсто од светското население - две милијарди луѓе - немаат пристап до здрава вода за пиење, а 46 отсто - 3,6 милијарди луѓе - немаат пристап до основна санитарна инфраструктура. ссм/

Остани поврзан