• недела, 24 ноември 2024

Гутереш: Образованието во светот е во голема криза, треба да се издвојат повеќе средства

Гутереш: Образованието во светот е во голема криза, треба да се издвојат повеќе средства
Њујорк, 20 септември 2022 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди на нееднаков пристап до образованието низ целиот свет. Говорејќи во пресрет на годишната сесија на Генералното собрание на ОН на состанок посветен на образованието, Гутереш изјави дека „образованието е во длабока криза“. Тој посочи дека пандемијата на коронавирус има „катастрофално влијание“ врз образованието, каде што сиромашните ученици без технолошка поддршка се најдоа во особено неповолна положба.
Гутереш апелираше до сите земји да направат приоритет за повисоки распределби на средства за унапредување и подобрување на условите за образование. Генералниот секретар на ОН, исто така, ги критикуваше авганистанските талибанци кои, откако се вратија на власт во август 2021 година, лишија од образование повеќе од милион тинејџерки. „Апелирам до властите во Авганистан веднаш да ги отстранат сите ограничувања за пристапот на девојчињата до средно образование“, рече Гутереш. Обраќајќи им се на учесниците на собирот, Сомаја Фаруки, членка на прославениот тим за роботика на девојки од Авганистан, предупреди дека талибанците „полека го елиминираат постоењето на жените во авганистанското општество“.

„Илјадници девојчиња можеби никогаш нема да се вратат на училиште. Многу се омажија. Ветувањата за повторно отворање на училиштата доаѓаа и поминаа“, рече Фаруки. паг/

Остани поврзан