• среда, 18 декември 2024

Гутереш му се заблагодари на Дуда за полското гостопримство на украинските бегалци

Гутереш му се заблагодари на Дуда за полското гостопримство на украинските бегалци
Варшава, 27 април 2022 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш му се заблагодари на полскиот претседател Анджеј Дуда за великодушноста на полскиот народ, поради тоа што ги отворија домовите за речиси два милиони украински бегалци, пишува во објавата на портпаролот на ОН на Твитер. Гутереш вчера беше во Москва, каде се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и разговараше за ситуацијата во Украина. На агендата на Гутереш за утре е состанок во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба. Според ОН, за време на посетата на Гутереш на Москва, постигнат е договор за евакуација на цивилите од фабриката „Азовстал“ во Мариупол. бд/јт/

Остани поврзан