• недела, 24 ноември 2024

Гутереш: Многу сум загрижен поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Хезболах

Гутереш: Многу сум загрижен поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Хезболах

Њујорк, 21 јуни 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека е многу загрижен поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и либанскиот Хезболах и дека мировните сили на ОН работат на смирување на ситуацијата и спречување на погрешни потези.

„Еден непромислен потег, една погрешна проценка, може да предизвика катастрофа што ги надминува границите, искрено, ја надминува имагинацијата“, им рече Гутереш на новинарите.

Тој посочи дека луѓето од регионот и луѓето во светот не можат да си дозволат Либан да стане уште една Газа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан