• среда, 27 ноември 2024

Гутереш: Иднината на Либија зависи од прекин на огнот

Гутереш: Иднината на Либија зависи од прекин на огнот
Берлин, 5 октомври 2020 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска ги повика светските сили и другите заинтересирани за долготрајната граѓанска војна во Либија да продолжат да работат за постигнување траен прекин на огнот меѓу спротивставените влади, предупредувајќи дека иднината на земјата е во прашање. Гутереш на виртуелен министерски состанок, чиј домаќин се Обединетите нации и Германија, рече дека треба да се поддржат мировните напори „не само со зборови, туку и со дела“, вклучително и поддршка за ембаргото за оружје на ООН против Либија. - Прекршувањето на ембаргото е скандал и ја доведува во прашање основната посветеност на мирот на сите инволвирани, рече Гутереш на затворениот состанок. Генералниот секретар на ОН додаде дека странските испораки на оружје и другите видови воена поддршка мора веднаш да престанат. Германија, која се обидува да дејствува како посредник, соопшти дека виртуелниот состанок е можност да се разгледа она што е постигнато откако Берлин беше домаќин на самитот за Либија во јануари, каде учесниците се согласија да воведат ембарго за испораките на оружје и да ги поттикнат завојуваните страни во Либија да се постигне целосен прекин на огнот. Овој договор беше прекршен неколку пати. паг/

Остани поврзан