• среда, 18 декември 2024

Гутереш загрижен поради израелските напади во Сирија, повика на деескалација

Гутереш загрижен поради израелските напади во Сирија, повика на деескалација

Њујорк, 12 декември 2024 (МИА) – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш е длабоко загрижен поради „неодамнешните и опсежни повреди на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија“, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

- Генералниот секретар е особено загрижен за стотиците израелски воздушни напади на неколку локации во Сирија, нагласувајќи ја итната потреба за деескалација на насилството на сите фронтови низ целата земја, изјави Дижарик, пренесува Тајмс оф Израел. јт/

Остани поврзан