• среда, 25 декември 2024

Гутереш: „Грст донации“ не можат да го заменат договорот за жито

Гутереш: „Грст донации“ не можат да го заменат договорот за жито

Њујорк, 27 јули 2023 (МИА) – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека „грст донации“ не можат да бидат замена за суспендираниот договор за жито.

- Јасно е дека повлекувањето на милиони тони жито од пазарот ќе доведе до повисоки цени. Ние нема да го поправиме ова драматично влијание со неколку донации за некои земји, рече Гутереш.

И покрај тоа што глобалните цени на пченицата се половина од рекордното високо ниво постигнато на почетокот на март 2022 година, веднаш по руската инвазија, генералниот секретар на ОН рече дека секое зголемување сега „ќе го плати секој, секаде“.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го отвори самитот Русија-Африка во Санкт Петербург со ветување дека ќе достави бесплатни житарки „во следните месеци“ во шест африкански земји.

- Во следните месеци ќе можеме да обезбедиме бесплатна испорака на 25.000 до 50.000 тони жито, рече Путин додавајќи дека житарки ќе бидат доставени во Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканска Република и Еритреја. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан