• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гутереш го повика Израел да дозволи испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа

Гутереш го повика Израел да дозволи испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа

Њујорк, 10 април 2025 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во објава на мрежата „Икс“ напиша дека Израел треба да дозволи непречен пристап на хуманитарна помош во Појасот Газа, која е блокирана на контролните пунктови.

„Израел, како окупаторска сила, има јасни обврски според меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право и законите во областа на човековите права. И покрај тоа, хуманитарната помош не може да влезе во Појасот Газа. Во меѓувреме, храна, лекови и засолништа се трупаат на премините, а виталните залихи се блокирани. Неопходно е да се обезбеди непречен пристап на хуманитарна помош“, посочува Гутереш.

Тој наведува дека освен тоа на хуманитарните работници треба да им се обезбеди заштита според меѓународното право. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан