• среда, 25 декември 2024

Гутереш ги повика на воздржаност и демонстрантите и полицијата во САД

Гутереш ги повика на воздржаност и демонстрантите и полицијата во САД
Њујорк, 1 јуни 2020 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ги повика учесниците во протестите за смртта на Џорџ Флојд мирно да го изразат своето незадоволство, а американските власти да се воздржат во постапувањето со демонстрантите. - Во САД, како и во секоја земја во светот, различноста е богатство, а не закана, но успехот на општествата што негуваат разновидност во секоја земја бара големи инвестиции во социјалната рамнотежа, рече Гутереш. Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик, рече дека Гутереш додал оти успехот на таквите општества значи мобилизирање на сите нивоа на власт и сите сектори на општеството со цел „ублажување на различностите, борба против евентуална дискриминација, зајакнување на социјалната заштита и обезбедување на можности за сите“. јт/

Остани поврзан