• четврток, 09 април 2026

Гутереш ги осуди израелските напади во Либан по смртните случаи на цивили

Гутереш ги осуди израелските напади во Либан по смртните случаи на цивили

Њујорк, 9 април 2026 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги осуди големите воздушни напади на Израел во Либан, велејќи дека во нив се убиени и повредени стотици цивили, вклучувајќи деца, и е оштетена цивилната инфраструктура, јави ДПА.

Гутереш „недвосмислено ги осудува масовните напади“, изјави неговиот портпарол, Стефан Дужарик, во соопштение објавено синоќа.

„Генералниот секретар остро ја осудува загубата на цивилни животи и е длабоко вознемирен од зголемениот број на цивили“, наведе портпаролот, пренесен од германската агенција

И покрај прекинот на огнот во конфликтот во Иран, Израел започна големи напади врз цели во Либан, вклучително и во главниот град Бејрут. 

Според либанското Министерство за здравство, само вчера се убиени најмалку 182 лица.

Израелската војска соопшти дека целта на нападите биле команданти на Хезболах и воената инфраструктура, додека либанските власти соопштија дека меѓу жртвите имало многу цивили, пренесува ДПА.

За разлика од Иран, САД и Израел не сметаат дека Либан е опфатен со договореното двонеделно примирје. Поради ова Иран размислува да се повлече од примирјето, објави иранската  агенција Фарс.сд/аб/

Фото: МИА архива

Остани поврзан