Гутереш: Газа стана поле за убивање
- -Газа стана полигон за убивање, изјави шефот на ОН, зборувајќи за влошената хуманитарна состојба.

Њујорк, 9 април 2025 (МИА) – Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш вели дека Израел го прекршува меѓународното право со тоа што повеќе од еден месец не дозволува помошта да влезе во Газа.
-Газа стана полигон за убивање, изјави шефот на ОН, зборувајќи за влошената хуманитарна состојба.
Израел тврди дека нема недостиг од залихи во Газа и го обвинува Хамас дека хуманитарната помош ја користи за обнова на својата воена машинерија. сд/
фото:МИА архива