• четврток, 26 декември 2024

Гутереш апелира за итно враќање на владеењето на правото во Тиграј

Гутереш апелира за итно враќање на владеењето на правото во Тиграј
Њујорк, 8 декември 2020 (МИА) - Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш синоќа апелираше за повторно итно воспоствување на владеењето на правото и почитување на човековите права по вооружените судири во северната етиописка провинција Тиграј. Тој побара да почне процесот на помирување и да се обезбеди пристап за хуманитарните организации и достава на помош за загрозеното население. Претставникот на ОН, Стефан Диџарик изјави дека генералниот секретар воспоставил „активен дијалог“ со премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед и оти е „многу загрижен поради моменталната ситуација“ воТиграј. Ахмед на 28 ноември по едномесечните вооружени судири помеѓу етиописката армија и бунтовниците во Тиграј прогласи победа.  Во некои делови на Тиграј борбите се уште траат, а лидерите на бунтовниците се во бегство, поради што постои ризик од повторна ескалација на судирите. Во меѓувреме се блокирани испоракие на хуманитарната помош и лекови, иако ОН минатата недела потпишаа договор со етиописката Влада да им се овзможи пристап до деловите на Тиграј, што се под контрола на армијата на Етиопија. ми/

Тагови

Остани поврзан