• петок, 27 декември 2024

Гут-Бехрами триумфираше по 45 пат во Светскиот куп

Гут-Бехрами триумфираше по 45 пат во Светскиот куп

 

Квитфјел, 2 март 2024 (МИА) – Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами победи на денешната трка во супервелеслалом која во рамки на Светскиот куп се одржа во норвешкиот центар Квитфјел.

Швајцарката до својата 45 победа во кариерата дојде со 12 стотинки предност пред второпласираната Корнелија Хутер од Австрија и сонародничката Мирјам Пушнер, која заостана 13 стотинки.

Со овој триумф Гут-Бехрами ја зголеми предноста во поредокот во супервелеслалом со 460 бодови, 25 повеќе од Хутер на второто и 94 повеќе од Италијанката Федерика Брињоне на третото место.

Гут-Бехрами ја зголеми предноста и во генералниот пласман и сега има 1.514 бодови, 305 повеќе од Американката Микаела Шифрин на второто место. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан