• четврток, 26 декември 2024

Густаво Петро е новиот претседател на Колумбија

Густаво Петро е новиот претседател на Колумбија
Богота, 20 јуни 2022 (МИА) - Левичарот и поранешен герилец, Густаво Петро е избран за нов претседател на Колумбија, прв од редовите на левицата во колумбиската историја.Петро освои 50,5 отсто од гласовите, додека за неговиот противкандидат, независниот Родолфо Хернандез, гласаа 47,3 проценти од граѓаните. На изборите гласаа околу 20 милиони луѓе од Колумбија. Шеесет и двегодишниот Петро победи со разлика од 716.890 гласови. Во предизборните анкети, двајцата кандидати беа речиси изедначени. Сенаторот и поранешен градоначалник на Богота победи при третиот обид, ветувајќи борба против нееднаквоста со бесплатно универзитетско образование, реформи во пензискиот систем и високи даноци на непродуктивното земјиште. Петро за потпретседателка ја кандидираше Франција Маркез. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ѝ честиташе на Колумбија на „слободните и фер“ избори. „Се радуваме на нашата соработка со новоизбраниот претседател Петро на континуирано зајакнување на американско - колумбиските односи и насочување на нашите народи кон подобра иднина“, се наведува во соопштението на Блинкен. бд/сд/

Остани поврзан