Гурмански викенд, традиционална храна,греено вино, чај и колачи, почна предновогодишната програма во Кавадарци
- Со гурмански викенд, денеска започна предновогодишната програма во Кавадарци. На агендата се традиционална храна, греено вино, чај и колачи, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Кавадарци, 10 декември 2024 (МИА) - Со гурмански викенд, денеска започна предновогодишната програма во Кавадарци. На агендата се традиционална храна, греено вино, чај и колачи, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Во програмата се и новогодишни базар и работилница, продажба на хуманитарни дела, фотографирање со Дедо Мраз, натпревар во најбрзо накитена елка, спектакуларни маскоти, трка со дедомразовци.
Од кабинетот на Јанчев најавија и дочек на Нова 2025 година на градскиот плоштад.
Оттаму рекоа дека предновогодишната програма е богата и разновидна, за сите генерации. свд/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев