• среда, 18 декември 2024

Гурмански викенд во Вински музеј Кавадарци 

Гурмански викенд во Вински музеј Кавадарци 

Кавадарци, 14 декември 2024 (МИА) - Гурмански викенд е насловена манифестацијата што денеска по трети пат се реализира во Вински музеј за регион Тиквеш во Кавадарци, со поддршка од кавадаречкиот градоначалник и Советот на Општината. Директорката на Музејот, Елизабета Ристова рече дека ова стана значаен настан во регионот, прославувајќи го пресекот на локалната винска култура и гурманската кујна.

- Вообичаено се одржува во третата недела од ноември, но оваа година го вклопивме во новогодишната и божиќната програма на нашата општина. Овој настан ја прикажува богатата винарска традиција на Тиквешкиот регион, кој е едно од најпознатите области за производство на вино во нашата земја. Преголемо е задоволство да ве имаме сите овде со нас додека се собираме да ја прославиме уметноста на убавото вино и храна, извонредните вкусови и радоста на кулинарското истражување, истакна директорката. 

Таа нагласи дека станува збор за своевидно  патување што ја прикажува креативноста и страста на нашите винари, готвачи, занаетчии. Од дегустација на вино, ракија и гурмански дегустации, до практични искуства за готвење, викенд што го слави најдоброто од она што го нуди гурманскиот свет.

- Без разлика дали сте тука за да откриете нови вкусови, да ги усовршите вашите кулинарски вештини или едноставно да уживате во вкусен оброк во одлично друштво, се надеваме дека ќе најдете инспирација и задоволство во секој момент, подвлече Ристова. свд/сст/


Фото : МИА 

Остани поврзан