Гундоган незадоволен од ремито со Брајтон
- Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Илкај Гундоган го сподели своето мислење за ремито со Брајтон (2:2) во 29. коло од Премиер лигата.

Манчестер, 15 март 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Илкај Гундоган го сподели своето мислење за ремито со Брајтон (2:2) во 29. коло од Премиер лигата.
- Откако двапати бевме во водство и одигравме навистина добро, штета што не освоиме три бода. Во вториот дел, откако го примивме вториот гол, почувствувавме дека ја загубивме самодовербата и вербата. Се разбира, грешките се случуваат дури и на ова ниво. Мислам дека имавме добра недела на тренинзи. Сакаме да ја пренесеме оваа моќ и енергија на натпреварите, изјави Гундоган за „Би-би-си“.
Манчестер Сити со 48 бодови останува на петтото место на табелата во Премиер лигата.
Брајтон со бод помалку (47) е седми на првенствената табела. зс/
Фото: ЕПА