• четврток, 26 декември 2024

„Гугл мапс“ забележа „остров“ кој, всушност, не постои

„Гугл мапс“ забележа „остров“ кој, всушност, не постои
Сиднеј, 6 мај 2022 (МИА) - Остров во јужниот Тихи Океан којшто можеше да се види на „Гугл мапс“ ги збуни и научниците кои истражуваа што има таму. Имено, истражувачите не успеале да најдат ништо, пишува „Мирор“. Чудниот појас копно, познат и како „Песочен остров“ (Sandy Island), долго време е мистерија. Се работи за темна точка меѓу Австралија и Нова Каледонија, која на „Гугл Ерт“ беше некако различна од другите oкoлни острови. Но, истражувачите не пронашле ништо друго освен морски бранови, како и дека длабочините на океанот таму е повеќе од 1.400 метри и заклучокот гласи дека е невозможно да се крие нешто под вода што би било видливо. - Сакавме да го провериме тоа, бидејќи навигациските карти на бродот покажаа длабочина на вода од 1.400 метри во областа, што е прилично длабоко. Тоа се појави на „Гугл Ерт“ и други мапи, па отидовме да провериме и - немаше остров. Ние сме навистина збунети, ова е прилично бизарно, вели Марија Сетон од Универзитетот на Сиднеј. Гугл го отстрани тн. „Песочен остров“ од „Гугл мапс“.  си/ссм/

Остани поврзан