• четврток, 26 декември 2024

Гугл го менува логото на „Хром“

Гугл го менува логото на „Хром“
Лос Анџелес, 8 февруари 2022 (МИА) - Технолошкиот гигант Гугл соопшти дека компанијата одлучила да го промени знакчето на својот пребарувач „Хром“. Според Елвин Ху - дизајнерот на „Гугл Хром“, иконата на прелистувачот е поедноставена без светли сенки, пофини пропорции и посветли бои во хармонија со помодерниот стил на брендот. „Да! Го освежуваме знакот, првпат по осум години“, напиша Елвин Ху на Твитер. Кога пребарувачот првпат се појави во 2008 година, логото изгледаше како светкав, шарен тридимензионален знак, па со тек на годините изгледот се промени во малку „подводимензионален“ симбол.  си/

Остани поврзан