• среда, 25 декември 2024

Гувернерот на Џакарта позитивен на Ковид-19

Гувернерот на Џакарта позитивен на Ковид-19
Џакарта, 1 декември 2020 (МИА) - Гувернерот на Џакарта, Аниес Басведан денеска изјави дека е позитивен на коронавирус. Тој е последен во низата политичари и официјални претставници на Индонезија, кој е заразен во момент кога земјата се соочува со спречување на ширењето на коронавирусот. Басведан (51) во видео снимка на Инстаграм истакна дека нема симптоми и се наоѓа во самоизолација. - Сакам да потсетам дека Ковид-19 и понатаму е присутен и може да допре до секого, наведува гувернерот. На веб страницата на главниот град на Индонезија е објавено дека е позитивен и неговиот заменик Ахмад Риза Патрија. Претходно со коронавирусот беа заразени и министрите за транспорт и за религија. Индонезија, каде живеат 270 милиони луѓе, минатата недела забележа три рекордни дневни порасти на бројот на новозаразени, а просекот бил 1.249 случаи дневно. Во земјата досега се потврдени над 530.000 заболени, а починале речиси 17.000 лица. гт/

Остани поврзан