• сабота, 28 декември 2024

Гувернерот на Најроби дели коњак на населението како лек против Ковид-19

Гувернерот на Најроби дели коњак на населението како лек против Ковид-19

Најроби, 16 април 2020 (МИА) - Гувернерот на Најроби Мајк Мбуви Сонко на сиромашното население во главниот град на Кенија дели коњак, тврдејќи дека штити од новиот коронавирус.

  Гувернерот, кој минатата година беше уапсен за корупција, оваа недела на социјалните мрежи објави фотографија од шишиња коњак „хенеси“, кои се нашле меѓу пакетите со основни намирници. Повикувајќи се на наводни резултати од истражување на Светската здравствена организација и други здравствени институции, Сонко во видео-снимка вели дека алкохолот „игра многу важна улога“ во справувањето со коронавирусот или кој било друг вирус. Сепак, компанијата што го произведува овој коњак соопшти дека тоа тврдење не е точно и дека конзумирањето на тој бренд алкохолни пијалоци, како и другите, не штити од Ковид -19. Портпаролот на кениската влада Сајрус Огуна изјави дека тезата дека алкохолот штити од заразата нема научна основа и ги повика политичарите да не ја користат пандемијата за предизборен публицитет. паг/

Остани поврзан