• понеделник, 23 декември 2024

Гувернерот на Луганск: Евакуирајте се додека можете, изберете го животот

Гувернерот на Луганск: Евакуирајте се додека можете, изберете го животот
Луганск, 15 април 2022 (МИА) - Гувернерот на украинскиот регион Луганск, Серхиј Гајдај ги повика жителите да се евакуираат. На Телеграм, тој апелираше на евакуација и да се „избере живот“. Медиуми јавуваат дека ваквиот апел следува откако едно лице беше убиено, а петмина беа ранети, за време на руското гранатирање во градот Кремина. Евакуирани се 32.000 жители со возови и автобуси, додаде Гајдај, повикувајќи ги и останатите да го сторат истото. - Не двоумете се и одете додека сè уште постои таа можност, истакна гувернерот. бд/сд/

Остани поврзан