• четврток, 26 декември 2024

Гуаидо: Нема разговори, диктатурата во Венецуела ја уништи таа можност

Гуаидо: Нема разговори, диктатурата во Венецуела ја уништи таа можност
Лондон, 22 јануари 2020 (МИА) - Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо денеска ја отфрли можноста да учествува во разговори со претседателот Николас Мадуро, откако шефот на таа држава повика на дијалог со САД. На барањето на Венецуела одговори американскиот државен секретар Мајк Помпео кој рече дека преговори нема да има доколку Мадуро не се повлече од власт. Гуаидо, исто така отфрли можност за преговори, оценувајќи дека „диктаторскиот начин на владеење ја убил таа прилика“. - Се обидовме да разговараме, нудејќи многу едноставно решение - навистина чесни избори. Диктатурата ја блокираше таа можност, како и многупати претходно, изјави Гуаидо во интервју за Си Ен Ен. Тој го обвини Мадури за катастрофата и хуманитарната вонредна состојба во земјата, како и за кршењето на човековите права и корупцијата. Гуаидо, самопрогласен привремен претседател на Венецуела, но поддржан од поголемиот дел од меѓународната заедница, се наоѓа на европска турнеја, со што директно се спротивстави на забраната за патување и ризикувајќи да заврши во затвор. За време на посетата, Гуаидо ги повика европските и американските лидери да престанат да го купуваат венецуелското „крваво злато“, со кое, како што тврди, се финансира режимот на Мадуро и групите кои му се лојални. Гуаидо вчера имаше средба со британскиот премиер Борис Џонсон, а утре ќе отпатува во давос, каде се надева дека на маргините на Светскиот економски форум би можел да има средба со американскиот претседател Доналд трамп. ссм/

Остани поврзан