• среда, 18 декември 2024

ГС на ОН изгласа резолуција против шпекулации за вакцината за коронавирусот

ГС на ОН изгласа резолуција против шпекулации за вакцината за коронавирусот
Вашингтон, 21 април 2020 (МИА) - Сите земји членки на Генералното собрание на ОН синоќа гласаа за резолуција која повикува забрана на секакви пазарни шпекулации поврзани со вакцината за коронавирус. Иако вакцина се уште нема, и се очекува да биде создадена. Притоа документот повикува на брз развој на лекови, вакцини и медицинска опрема за да се порази пандемијата и ја истакнува клучната улога на Светската здравствена организација (СЗО) во борбата со болеста. САД минатата недела го прекинаа финансирањето на СЗО поради незадоволство на Администрацијата во Вашингтон со работата на оваа организација во спречување на пандемијата. САД донираат околу 400 милиони долари годишно на СЗО, или 15 отсто од вкупниот буџет на оваа организација кој изнесува 4.5 милијарди долари. Според последните информации, на глобално ниво од коронавирус инфицирани се речиси 2.5 милиони луѓе, а повеќе од 170 илјади починале. кб/

Остани поврзан