Грчко МНР: Лозанскиот договор јасно се однесува на религиозно, а не на етничко малцинство во Тракија
- Лозанскиот договор е јасен и јасно се однесува на религиозно, а не на етничко малцинство во Тракија, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција „во врска со турска објава за муслиманското малцинство во Тракија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 14 април 2025 (МИА) – Лозанскиот договор е јасен и се однесува на религиозно, а не на етничко малцинство во Тракија, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција „во врска со турската објава за муслиманското малцинство во Тракија“, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР додадоа дека „грчката држава целосно ги почитува верските убедувања и културните особености на муслиманското малцинство во Тракија“ и дека на грчките граѓани, припадниците на малцинството и обезбедува целосна еднаквост.
Соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција, доаѓа по објавата на Х од турското МНР преку која ја честитаат 98-годишнина на Турскиот сојуз во Ксанти, „најстарата граѓанска организација на турското малцинство во западна Тракија“.
„Ги поддржуваме оправданите напори и чесната борба на Унијата да го користи сопственото име, во согласност со одлуките на Европскиот суд за човекови права“, пишува во објавата на Министерството за надворешни работи на Турција. ср/сд/
Фото: Архива МИА