• сабота, 05 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Грчките уметнички дела дел од изложбата „Остен Биенале Скопје 2024“

Грчките уметнички дела дел од изложбата „Остен Биенале Скопје 2024“

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - Во Националната галерија на Северна Македонија - Чифте амам денеска се одржа приватна обиколка со водич на изложбата „Остен биенале Скопје 2024“, во организација на Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Северна Македонија, а во соработка со Остен, фокусирајќи се на грчките уметнички дела кои беа дел од изложбата.

Оваа изложба беше отворена на 6 февруари 2025 година. Со изложбата се одбележуваат 80 години од постоењето на Остен, а изложени се дела на 80 наградени уметници и финалисти од над 40 земји. Тие се избрани од вкупно 273 уметници од 51 земја, кои се пријавија со 863 уметнички дела по објавувањето на меѓународниот отворен повик за Остен Биенале Скопје 2024 година.

Изложбата вклучува грчки уметници: Тодорис Трампас, Пантелис Цацис, групата Баф (составен од Киријаки Агелидаки, Софија Антонакаки, Аимилија Антониу, Јоргос Калогианис, Ксенија Калиора, Харис Кондосфирис, Јоргос Теодору, Трасос Зикулис, Виолета Газеа, Стелиос Карас, Софија Леониду, Димитра Марини, Никос Палајодорос, Димитрис Пилавакидис, Лисимахос Полихронидис, Василис Сенцас, Костас Солакис, Маргарита Цулуха, Крисула Цалкути, Аристејос Цусис), Софија Антонакаки и Харис Кондосфирис и Групата Оклезис (составена од Ники Папаспиру, Никос Јавацо, Ефи Фурики, Мариос Фурнарис, Аница Вучетиќ и Ставрос Софианопулос).

Меѓу грчките финалисти, наградени беа три дела: Тодорис Трампас доби посебно признание од жирито, Пантелис Цацис ја освои наградата „Златен Остен“, додека пак групата Баф освои посебна награда од Остен за групно претставување за нивното дело - инсталација насловено„Сенката на светилникот“.

Водич на обиколката беше Корнелија Конеска, извршен директор на Остен, куратор и селектор на уметниците на овогодинешниот настан. Конеска истакна дека грчките уметници и Остен негуваат пријателски односи и нагласи дека грчките уметници често формираат групи за да учествуваат на настаните на Остен, што доведува до создавање на мост кој со години ги обединува Грција и Северна Македонија.

Изложбата ќе биде отворена за посета до 9 март 2025 година.бт/са/

Фото: Амбасада на Грција во Северна Македонија

Остани поврзан