• сабота, 23 ноември 2024

Грчките земјоделци вечерва го блокираа преминот Евзони за влез на товарни возила

Грчките земјоделци вечерва го блокираа преминот Евзони за влез на товарни возила

Струмица, 25 февруари 2024 (МИА)-Грчките земјоделци од северниот дел на земјата, вечерва го блокираа преминот Евзони (Богородица) кон Северна Македонија за влез на товарни возила.

Веста за МИА ја соопшти началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.

-Преминот Евзони е блокиран од 18:30 часот за влез на товарни возила и според информацијата од грчка страна блокадата ќе трае еден час, односно треба да заврши во 19:30 часот по македонско време, изјави Богев.

За времетрањето на блокадата не се пропуштаат камионите, односно како што беше порано кога на секои половина час по десет минути се пропуштаа возила.

Во изминатите денови иако имаше најави за блокади на Евзони од грчките земјоделци, сепак преминот остануваше отворен. Последен пат овој премин за влез во Грција беше блокиран на 20 овој месец. рт/вг/

Фото:МИА

Остани поврзан