• среда, 27 ноември 2024

Грчкиот Парламент даде зелено светло за „кошничката за домаќинствата“ со 50 основни производи во маркетите по прифатливи цени

Грчкиот Парламент даде зелено светло за „кошничката за домаќинствата“ со 50 основни производи во маркетите по прифатливи цени
Атина, 27 октомври 2022 (МИА) – Со поддршка од владејачката Нова демократија и опозициската ПАСОК- Движење на промена, грчкиот Парламент ја изгласа т.н. „кошничка за домаќинствата“ за супермаркетите, односно групата од 50 основни производи, чии цени ќе треба или да останат исти или да има минимални покачувања , јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот амандман беше доставен од Министерството за развој и инвестиции на Грција, а предвидува маркетите со годишен профит од над 90 милиони евра, задолжително, до надлежното Министерство да испраќаат листа со производи за широка потрошувачка („кошничка за домаќинствата“), кои се неопходни за пристоен живот и обврзани се да биде вклучен најмалку еден производ од секоја категорија, чија цена ќе биде прифатлива и пониска во споредба со останатите производи од истата категорија. Во случај да не се испрати листата со производи, предвидена е парична казна за супермаркетите во висина од 5.000 евра дневно, за секој задоцнет ден. За помалите маркети, „кошничката за домаќинствата“ не е задолжителна, туку е произволна. Конкретната одлука ќе биде во сила до 31 март 2023 година, категориите производи ќе ги одреди Министерството за развој и инвестиции, а во следните денови ќе биде објавена министерска одлука со сите детали. Според грчките медиуми, се очекува следната седмица кошничката за домаќинствата да биде и официјално воведена во маркетите, ќе содржи 30 категории со 50 производи меѓу кои: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко, јогурт, сирење и кашкавал, зејтин, брашно, шеќер, кафе, чај, какао,  сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн. Не станува збор за замрзнување на цените, туку обид на супермаркетите, цените на производите неопходни за домаќинствата да се задржат на што е можно пониско ниво. ср/паг/

Остани поврзан