• недела, 29 декември 2024

Грчкиот Парламент го изгласа буџетот за 2021 година

Грчкиот Парламент го изгласа буџетот за 2021 година
Атина, 15 декември 2020 (МИА) – Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ грчкиот Парламент вечерва го изгласа буџетот за 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина. Со широко мнозинство беа одобрени буџетот на Министерство за одбрана и на претседателот на државата. Поради превентивните мерки за заштита од коронавирусот од 300 пратеници, присутни на гласањето беа 49, а останатите 251 преку допис го соопштија нивниот став. На гласањето му претходеше петдневна расправа, а обраќања имаа и лидерите на политичките партии, како и грчкиот премиер. ср/сд/

Остани поврзан