• четврток, 26 декември 2024

Грчката претседателка ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19

Грчката претседателка ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19
Атина, 18 јануари 2021 (МИА) – Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, рано утрово, во атинската болница „Евангелисмос“, ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Сакеларопулу, првата доза ја прими на 27 декември 2020 година и заедно со Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис беа меѓу првите кои се вакцинираа во Грција. Рано утрово, како што претходно објави МИА, втората доза ја прими и Мицотакис. ср/ Фото: АНА-МПА

Остани поврзан