Грчката претседателка во официјална посета на Србија
- На покана на српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу од денеска до среда е во официјална посета на Србија.
![Грчката претседателка во официјална посета на Србија](https://new.mia.mk/index.php/images/20230327085748_big_730x400_9.webp )
Атина, 27 март 2023 (МИА) – На покана на српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу од денеска до среда е во официјална посета на Србија.
Со српскиот претседател, во Белград, минатата седмица се сретна министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас. ср/