• среда, 18 декември 2024

Грчката полиција уапси деветмина преживеани од бродоломот во Јонско Море

Грчката полиција уапси деветмина преживеани од бродоломот во Јонско Море

Атина, 15 јуни 2023 (МИА) – Грчката крајбрежна стража соопшти дека денеска привела девет лица кои го преживеаја бродоломот во Јонско Море, под сомнение дека се дел од групата која го организирала превозот на мигрантите.

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека сите осомничени се државјани на Египет.

Тие се уапсени откако полицијата во Каламата испита 104 лица кои го преживеаја бродоломот, во кој загинаа најмалку 79 луѓе.

Во Грција денеска е прогласена тридневна жалост по потонувањето на брод со мигранти во Јонското Море.

Грчката крајбрежна стража досега извлече 79 безживотни тела и спаси повеќе од 100 луѓе, но преживеаните тврдат дека на бродот имало до 750 луѓе.

Портпаролот на преодната влада на Грција изјави дека не може да прецизира колку луѓе имало на потонатиот рибарски брод, кој пловел од Либија кон Италија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан