• недела, 24 ноември 2024

Грчката крајбрежна служба: Низа инциденти со турски патролни бродови во Егејското море

Грчката крајбрежна служба: Низа инциденти со турски патролни бродови во Егејското море
Атина, 2 април 2021 (МИА) – Во морскиот регион североисточно од грчкиот остров Лезбос, утрово, според грчката крајбрежна служба, имало три инциденти со турски патролни бродови, од кои два се однесувале на чамци со мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Рано утрово, турски патролен брод, навлегол во грчките територијални води и вознемирил грчки патролен брод, за што од крајбрежна служба на Грција објавија и видео за кое велат дека ги покажува „опасните маневри врз грчкиот патролен брод“.

Другите два случаи се поврзани со чамци со мигранти, за кои од грчката крајбрежна служба велат дека кон грчките територијални води се движеле во придружба на турски патролни бродови. За едниот од двата чамци во двата одвоени случаи, од крајбрежната служба се обиделе да стапат во контакт со турските колеги, но без резултат, по што подоцна мигрантите, без да влезат на грчка територија биле спасени од патролен брод на Турција. Во вториот случај, според грчката крајбрежна служба, на чамецот му се приближиле два турски патролни бродови, „кои безуспешно, се обидоа да го истуркаат во грчките територијални води“. За инцидентите во кои биле вклучени мигранти, министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис вели дека е обид на Турција да „предизвикаат ескалација со Грција“. -Ја повикуваме Турција: да ја запре оваа неоправдана провокација; овие мигранти безбедно да ги врати во Турција и да се усогласи со заедничката изјава од 2016 година на ЕУ и Турција за миграцијата, вели Митаракис. ср/

Остани поврзан