• среда, 27 ноември 2024

Грчката Влада категорично ја отфрла можноста за воведување нов целосен карантин

Грчката Влада категорично ја отфрла можноста за воведување нов целосен карантин
Атина, 9 ноември 2021 (МИА) – Можноста за воведување нов целосен карантин во Грција, уште еднаш, категорично ја отфрлија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за здравство Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи пред пратеничката група на Нова демократија, Мицотакис рече дека „повеќе нема да постои локдаун во земјата“ и оние кои веќе се заштитени „избирајќи да се вакцинираат нема повторно да подлежат на значителни ограничувања“. Со сличен став е и министерот за здравство на Грција, кој во интервјуто за телевизијата „Скај“ ги отфрли сценаријата за воведување карантин или целосен или на локално ниво и за затворање на училиштата, објаснувајќи дека „филозофијата на мерките, во овој момент е поврзана со заштита на невакцинираните“: Во Грција, од минатата седмица секојдневно се зголемува бројот на нови случаи на Ковид-19 и речиси секој ден, земјата бележи нов негативен рекорд. Вчера беа регистрирани 7.335 новозаразени, рекорден број од почетокот на пандемијата, а не е исклучена можноста денеска, оваа бројка да биде уште повисока. ср/ми/

Остани поврзан