• четврток, 26 декември 2024

Грчката Влада бара одговори од Репортери без граници за 108-то место на Грција во извештајот за слободата на медиумите

Грчката Влада бара одговори од Репортери без граници за 108-то место на Грција во извештајот за слободата на медиумите
Атина, 5 мај 2022 (МИА) – Во неодамнешниот извештај на Репортери без граници за слободата на медиумите, Грција беше рангирана на 108 место, со пад од 38 позиции во споредба со лани, а портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, коментира дека во конкретниот извештај не се запазени двата принципи на научност и сериозност и преку писмо до Репортери без граници бара одговори, јави дописничката на МИА од Атина. Иконому, на Фејсбук го објави испратеното писмо, вели дека квалитетот на еден извештај се оценува и според методологијата на истражувањето и документацијата на заклучоците. -Тврдењето дека во земји како Буркина Фасо, Чад, каде што патем владее армијата, но и окупираната територија, која невладината Репортер без граници ја нарекува „Северен Кипар“, иако меѓународно не е призната, има, според нивниот извештај, поголема слобода на медиумите од Грција, освен што нема никаква сериозност, поставува разумни прашања за методологијата и изворите на авторите, пишува Иконому. Додава дека „индексот, кој нема солидна научна основа и соодветни коментари, ја искривува сликата за земјата“ и затоа, преку писмо испратено вчера, бара во разумен рок да добијат целосен одговор на неколку прашања. Портпаролот на грчката Влада од Репортери без граници бара „јасно и поткрепено уверување дека списокот на „експертите за слободата на медиумите“ кои учествуваа во одговорот на прашалниците за Грција, не вклучува лица кои се под истрага на грчката правда“; ја бара „точната методологија што се применува, особено за мерливите и објективни показатели, за класификацијата на земјата и начинот на пресметување на бодовите“; ги бара критериумите што се користат за рангирање на земјите, како и податоците за Грција од 2015 година. ср/сд/

Остани поврзан