• среда, 25 декември 2024

Грчката бродска федерација го прекина штрајкот започнат во вторникот

Грчката бродска федерација го прекина штрајкот започнат во вторникот

Атина, 25 октомври 2024 (МИА) – Бродовите и траектите во Грција ќе сообраќаат регуларно по 14 часот по локално време, откако грчката поморската федерација одлучи да го прекине штрајкот започнат во вторникот и двата 48-часовни штрајкови да завршат денеска, десет часа порано од предвиденото, јави дописничката на МИА од Атина. 

Штрајкот требаше да трае до вечер на полноќ, меѓутоа од федерацијата соопштија дека го прекинуваат по средбата што ја имаа со министерот за поморство и островска политика на Грција и по одржаниот интерен состанок на кој биле прифатени предлозите од министерот. 

Во Грција во понеделник е национален празник и неработен ден, па така евентуалното продолжување на штрајкот ќе создадеше проблеми за граѓаните кои имаат планирано патување на островите за време на продолжениот викенд. 

Дводневниот штрајк на грчката поморска федерација започна во вторникот, но наместо да заврши во средата на полноќ беше продолжен за уште 48 часа, со што бродовите и траектите во цела Грција останаа закотвени на пристаништата. ср/ сд/

Остани поврзан