• петок, 27 декември 2024

Грчката апликација за проверка на ковид-документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција, а проверката ќе се врши рачно

Грчката апликација за проверка на ковид-документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција, а проверката ќе се врши рачно

Атина, 8 ноември 2021 (МИА) - Со воведување на новите мерки од саботата, за влез речиси секаде во Грција е потребен документ за Ковид-19 што се скенира преку специјална апликација, меѓутоа државјаните на трети земји, кои иако имаат валиден сертификат, не можат да влезат затоа што грчката апликација за проверка не ги препознава овие сертификати, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, во текот на викендот со овој проблем се соочија туристи како од Северна Македонија, така и од Србија, Сингапур, САД и други земји што не се членки на ЕУ.

Сепак, ова не значи дека сертификатите не се валидни или не се признати или прифатени во Грција, туку едноставно проверката треба да се врши рачно, а не преку апликацијата.

Кон крајот на јули, Министерството за туризам на Грција излезе со појаснување за конкретното прашање, дека апликацијата „Covid Free GR” што во земјата се користи за скенирање на сертификатите и потврдите се однесува само на грчки граѓани и на државјани на земјите членки на ЕУ, односно на оние кои имаат европски сертификат.

За конкретното прашање, дописничката на МИА од Атина, денеска побара одговор од портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, кој објасни дека независно од тоа што апликацијата не ги препознава,  сертификатите се валидни и со нив се овозможува влез онаму каде што е неопходен сертификатот.

- Сертификатот, доколку не го препозне апликацијата, неговата валидност се признава преку самиот документ на хартија, преку неговото постоење. Па така посетителите на земјата што се вакцинирани и имаат сертификат за вакцинација, самото покажување на сертификатот е признато и е валидно, исто како што важеше и во претходниот период и ќе им овозможува влез во простори во кои е неопходен сертификат за вакцинација, независно од тоа дали апликацијата, очигледно од технички причини, не го препознава, рече Иконому на денешниот брифинг со новинарите.

За влез во речиси сите затворени простори во Грција, како што се молови, продавниците, но и оворените и заворените делови на кафулињата, рестораните, таверните и сл., од саботата, задолжителен е документ за Ковид-19, чија проверка при влезот се врши заедно со документ за лична идентификација.

Исклучок се супермаркетите и продавниците за храна, бензинските пумпи, аптеките и црквите. ср/са/

Остани поврзан