• среда, 25 декември 2024

Грчевски повика 22 ракометарки за октомвриските евроквалификации

Грчевски повика 22 ракометарки за октомвриските евроквалификации

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) – Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објави денеска скратениот список со 22 имиња за претстојните воведни натпревари против Азербејџан и Литванија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Македонските ракометарки на стартот на евроквалификациите ќе играат против Азербејџан на 11 октомври во Скопје, по што на 15 овој месец гостуваат на Литванија во Вилнус.

Македонските ракометарки се во квалификациската група 5 заедно со репрезентациите на Шпанија, Азербејџан и Литванија.

На списокот на селекторот Грчевски се 15 интернационалки и седум ракометарки од македонското првенство

ЕУРО 2024 ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија од 28. ноември до 15. декември идната година. ег/дма/

Фото: РФМ

Остани поврзан