• четврток, 26 декември 2024

Грција ќе ја проширува оградата долж границата со Турција по целиот тек на реката Марица

Грција ќе ја проширува  оградата долж границата со Турција по целиот тек на реката Марица
Атина, 24 август 2022 (МИА) - Грчкиот владин совет за национална безбедност на синоќешната седница посветена на зголемениот миграциски притисок врз копнената и врз поморската граница на Грција одлучи да се прошири оградата долж границата со Турција. Одлучено е постепено да се продолжува оградата, со приоритет на чувствителните влезни места за илегални мигранти. Советот, исто така, одлучи да ги зајакне средствата за надзор, јави грчката новинска агенција АНА- МПА. Моментално, оградата е долга 38 километри, покривајќи го краткиот копнен дел кај Едрене и релативно мал дел од реката. Вкупната должина на границата меѓу Грција и Турција во Тракија е околу 200 километри и минува по долниот тек на реката Марица (Евра). ми/

Остани поврзан