• сабота, 23 ноември 2024

Грција ќе воведе построги казни за врсничкото насилство

Грција ќе воведе построги казни за врсничкото насилство

Атина, 30 септември 2024 (МИА) – Построги казни за справување со врсничкото насилство и малолетничката деликвенција, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатиот период, во Грција е зголемено насилството меѓу малолетните лица, особено меѓу средношколците, а Мицотакис рече дека сега, со отворањето на училиштата, уште поизразена е малолетничката деликвенција и објасни дека Министерството за правда ќе направи нови промени во Кривичниот законик како што се: построг криминален третман на поседувањето оружје, особено кај младите и затворска казна за оние кои извршуваат повторено кривично дело.

-Сакам да повторам дека прашањето на деликвенцијата, особено кај децата и адолесцентите, е исклучително сложено прашање. Тоа пред сè се однесува на самите семејства. Државата во никој случај не може да го замени семејството како основно јадро на воспитувањето на децата, но имаме можности да ги заостриме казните и прашањата што се однесуваат на запоставување на малолетниците, истакна Мицотакис.

Дополнително потсети дека набргу ќе се воведе и специјалната апликација „Safe Youth“ за заштита на децата и учениците жртви на семејно и врсничко насилство, односно како што објасни, „да може автоматски детето, тинејџерот, вон училишната средина, да ја извести полицијата доколку почувствува дека неговиот физички интегритет е загрозен од која било причина“. ср/

Фото:Архива МИА

Остани поврзан