• недела, 28 јули 2024

Грција четврти ден зафатена од студен бран и несвојствено ниски температури

Грција четврти ден зафатена од студен бран и несвојствено ниски температури
Атина, 21 март 2022 (МИА) – Четврти ден по ред, Грција е зафатена од студен бран со несвојствено ниски температури за овој период од годината и можност за локални врнежи од снег, дури и во деловите со мала надморска височина, според податоците од Националната опсерваторија во Атина  и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. За време на викендот, ниските температури донесоа и снег во речиси сите делови на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а според прогнозите и во текот на денешниот ден се очекува облачно и студено време, со дожд или лапавица во приморските и ниски области. Во текот на денешниот ден, според Националната опсерваторија, најниски температури, до 11 степени под нулата се очекуваат во северна Грција. ср/

Остани поврзан