• среда, 25 декември 2024

Грција предвремено го отплати долгот до ММФ

Грција предвремено го отплати долгот до ММФ
Атина, 5 април 2022 (МИА) – Грција предвремено го отплати долгот до Меѓународниот монетарен фонд, по финансиската помош побарана пред 12 години, а грчкиот премиер и министерот за финансии коментираа дека се затвора едно поглавје што беше отворено во мај 2010 година, јави дописничката на МИА од Атина. - Крај на ерата на ММФ како кредитор на Грција, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на „Твитер“, додавајќи дека со предвременото отплаќање и со последните обврски на земјата, се затвора сивото поглавје од 2010 година. Истакна дека беше период кој Грците „не треба и никогаш повеќе нема повторно да го живеат“. -Денес, и покрај меѓународните превирања, националната економија останува цврсто на патот на напредок и блиску до граѓаните. Речено, сторено!, напиша Мицотакис. Министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас истакна дека отплаќањето е „многу позитивна разврска, резултат на ефективната економска политика што ја води актуелната Влада“ и додаде дека според Европскиот механизам за стабилност, „испраќа позитивна порака до пазарите за финансиската состојба на земјата, го зајакнува профилот на јавниот долг и носи заштеди во државниот буџет, во вкупна вредност од 230 милиони евра, во корист на грчкото општество“. ср/

Остани поврзан