• четврток, 26 декември 2024

Грција очекува туристичката сезона оваа година да биде подобра од 2019 година

Грција очекува туристичката сезона оваа година да биде подобра од 2019 година
Атина, 2 август 2022 (МИА) – Со над 3,4 пристигнувања во месец јуни на атинскиот и 14 регионални аеродроми со кои управува компанијата Фрапорт, Грција очекува оваа туристичка сезона да биде подобра од онаа во 2019 година, односно последното лето пред пандемијата, според изјавите како на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, така и на министерот за туризам Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за телевизијата ЕРТ Кикиљас рече дека во месец јуни, на аеродромот во Атина и на 14 регионални аеродроми на Фрапорт имало 3.481.000 пристигнувања од странство, наспроти 1.198.000 пристигнувања лани и 3.477.900 во 2019 година. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата посета на Кефалонија, повикувајќи се на овие податоци рече дека земјата се движи кон туристичка сезона која ќе биде уште подобра од онаа во 2019 година. -Ме информираа дека денес веќе го надминавме бројот на пристигнувања на аеродромите на Фрапорт што го имавме во 2019 година, па одиме кон туристичка сезона која ќе биде уште подобра од онаа што ја имавме во 2019 година, рече Мицотакис. Компанијата Фрапорт Грција управува со 14 регионални аеродроми во Солун, Кавала, Актио, како и на островите Крф, Закинтос, Лезбос, Кефалонија, Кос, Родос, Миконос, Самос, Скиатос, Санторини и Крит. ср/

Остани поврзан