• четврток, 26 декември 2024

Грција надмина три милиони случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Грција надмина три милиони случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата
Атина, 30 март 2022 (МИА) – Со денешните над 22.000 новозаразени, Грција надмина три милиони потврдени случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, во изминатите 24 часа, потврден е 22.451 случај од 300.935 направени тестови, починаа 60 лица, а 348 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници. Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.009.933 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 27.454 лица. ср/

Остани поврзан