• петок, 27 декември 2024

Грција категорично ги отфрла натписите во медиумите за насилно враќање мигранти

Грција категорично ги отфрла натписите во медиумите за насилно враќање мигранти
Атина, 7 октомври 2021 (МИА) – Категорично ги отфрламе обвинувањата за насилно враќање мигранти, вели министерот за имиграција и азил на Грција Нотис Митаракис по објавените натписи во медиумите дека постои насилно и намерно враќање, во кое била вклучена и грчката крајбрежна стража, јави дописничката на МИА од Атина. -Грчките граници се граници на ЕУ и ние функционираме во рамките на меѓународното и европското право за нивна заштита. Нелегалните бранови се крајно опасни и треба да се спречат според Заедничката декларација од 2016 година, за која ЕУ мора да обезбеди правилно спроведување. Европа останува цел за мрежите на криумчари кои ги експлоатираат луѓето кои сакаат илегално да влезат во ЕУ. Не се извинуваме за нашата континуирана посветеност за уништување на овие мрежи за трговијата со луѓе и за заштита на европските граници, вели Митаракис.ср/сд/

Остани поврзан