• петок, 27 декември 2024

Грција и Бугарија потпишаа два меморандума за енергетска соработка

Грција и Бугарија потпишаа два меморандума за енергетска соработка

Скопје, 16 февруари 2023 (МИА) – Меморандум за нафтовод што ќе ги поврзе Александруполи и Бургас и меморандум за складирање на природен гас, потпиша денеска надлежните министри од Грција и Бугарија во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и бугарскиот претседател Румен Радев, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Првиот меморандум, според истите информации, се однесува на можноста за изградба на нафтовод од пристаништето во Александруполи и ќе стигнува до Бургас, а вториот е за складирање на природен гас во двете земји.

Мицотакис изјави дека станува збор за „договори кои ја менуваат енергетската карта на Југоисточна Европа“, а Радев истакна дека со двата меморандума дополнително се зајакнува традиционалната соработка меѓу двете земја. ср/ми/

 

Остани поврзан