Грција избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за периодот 2025 - 2026 година
- Со поддршка од 182 држави, од вкупно 188 земји кои гласаа, Грција попладнево беше избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2025 - 2026 година, а шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис коментираше дека „Денеска е историски ден за Грција“, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 6 јуни 2024 (МИА) – Со поддршка од 182 држави, од вкупно 188 земји кои гласаа, Грција попладнево беше избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2025 - 2026 година, а шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис коментираше дека „Денеска е историски ден за Грција“, јави дописничката на МИА од Атина.
Откако беше изгласана грчката кандидатура, Герапетритис истакна дека сега почнува периодот на одговорност, а Грција, по денешниот успех, во суштина помага во создавањето меѓународната политика во моменти кога постојат огромни предизвици.
Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу рече дека иборот на Грција е „меѓународно признание за нејзината стабилизирачка улога, како и нејзината посветеност на мирното решавање на споровите и целосно почитување на човековите права“. ср/