Грција, Данска, Финска и Франција фаворити за победа на „Евровизија“
- Двете полуфиналиња ќе се одржат на 12 и 14 мај. На големото финале на 16 мај ќе биде избрана победничката песна.
Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Песните избрани да ги претставуваат Грција, Данска, Финска и Франција се фаворити на обложувалници на интернет за победа на годинешното 70. издание на „Евровизија“.
Фановите на музичкиот натпревар веќе може да ги слушнат сите 35 песни што се во трка за победа на 16 мај.
Двете полуфиналиња ќе се одржат на 12 и 14 мај. На големото финале на 16 мај ќе биде избрана победничката песна.
Годинава, големиот музички натпревар ќе се реализира во Виена, Австрија, откако лани австриската песна „Wasted love“ освои најмногу поени и беше прогласена за најдобра. бд/дма/
Фото и видео: Официјален евровизиски Јутјуб - канал